Јас, јас чувам тајна во сребрена кутија:
цел мој мал свет со ѕвезди и океан,
со малку вечност, па и со чучулига
но таму нема ни траг од тебе -
ти кој ми недостигаш толку многу.
Јас сум таму каде што ме остави,
на пат што не води никаде,
а месечината никогаш не сјае,
туку пожолтува од стоење.
И одам од облак на облак,
на крилјата на бела птица -
сеедно ми е што сум заложник
оти повеќе ништо нема смисла,
оти навистина нема смисла, нема смисла
И тонам во бездна, се распаѓам,
Тонам во бездна, се распаѓам.
Бев дур до крајот на Земјата -
да побарам прошка.
Тука сум и те чекам под ѕвездите на Орион.
Слушам придушен звук кој доаѓа од вселената.
Дали тоа си ти? Ох, се надевам!
Јас сум таму каде што ме остави,
на пат што не води никаде,
а месечината никогаш не сјае,
туку пожолтува од стоење.
И одам од облак на облак,
на крилјата на бела птица -
сеедно ми е што сум заложник
оти повеќе ништо нема смисла,
оти навистина нема смисла, нема смисла
И тонам во бездна, се распаѓам,
Тонам во бездна, се распаѓам.
Правам се’ како што би очекувал, но времето минува
а јас не можам да престанам да мислам како дете.
Што сакаш, што уште да направам?
Ништо поотровно не е од твојата прегратка.
И така цело време!
Јас сум таму каде што ме остави,
на пат што не води никаде,
а месечината никогаш не сјае,
туку пожолтува од стоење.
И одам од облак на облак,
на крилјата на бела птица
сеедно ми е што сум заложник
оти повеќе ништо нема смисла,
оти навистина нема смисла, нема смисла.
И тонам во бездна, се распаѓам,
тонам во бездна, се распаѓам.