Билбил пее во планина,
моме седи во градина.
Билбил моме наговара:
- Ајде моме да пееме.
Ако мене ти натпееш,
ќе ти дадам планината.
Ќе ти дадам планината,
со сè гранки, со сè буки.
Ако тебе јас натпеам,
ќе ти земам градината.
Ќе ти земам градината,
со сè цвеќе, со сè тебе.
Билбил моме натпеало,
му ја зеде градината.
Му ја зеде градината,
со сè цвеќе, со сè моме.