Да да да да
Мирисот на твојата кожа сега се лепи на мене,
веројатно веќе леташ назад кон својот роден град,
душо, ми треба засолниште од мојата сопствена заштита,
да бидам со себе наместо во мизерија.
Мир. Ведрост.
[Рефрен]
Се надевам дека знаеш, дека знаеш
дека ова нема никаква врска со тебе.
Лично е. Мојата личност и јас,
мораме нешто да решиме
и ќе ми недостигаш како што на дете му недостига она ќебе,
но мора да продолжам понатаму со животот.
Време е сега да бидам голема девојка
и големите девојки не плачат,
не плачат,
не плачат,
не плачат.
Патот по кој одам
морам да го изодам сама,
мора да ги направам бебешките чекори додека да пораснам,
приказните немаат секогаш среќен крај, нели?
И го предчувствувам темното пред мене ако останам.
[Рефрен]
Како ученичиња во школскиот двор
ќе играме џандар збира и црн петко.
Јас ќе бидам твојот најдобар пријател и ти мојот.
Љубов моја.
Да, можеш да ми ја држиш раката ако сакаш
бидејќи јас сакам да ја држам твојата,
ќе бидеме другарчиња и љубовници и ќе ги делиме нашите тајни светови,
но време е да одам дома.
Доцна е, се стемнува,
мора да бидам со себе наместо во мизерија.
Мир. Ведрост.
[Рефрен]