Земја на планините, земја на реките,
Земја на полињата, земја на катедралите,
Земја на чеканите, со иднина што ветува,
Ти си дом на големи синови,
Нација благословена со убавина,
Многу фалена Австријо,
Многу фалена Австријо!
За тебе имало многу кавги, остри борби,
во средината на континентот си,
како силно срце,
од најрани денови си го носела
бремето на големото послание,
страдална Австријо,
страдална Австријо.
Гледај не нас слободните,
како храбро веруваме во новите времиња,
весело работејќи и полни со надеж,
дозволи ни братски здружени
да ти се заколнеме на верност, наша татковино,
наша сакана Австријо,
наша сакана Австријо!