Што е тоа
така силно да погледнеш
можеби знак
дека си човекот кој го сакам покрај себе
една искра е доволна
да запали оган, да испуштам глас
нежно ме љубиш за врат
како странец во ноќта од мојот сон
вети ми дека сме живот
ти и јас
една бурна ноќ, целата влажна од допир
сè гори во мене
под твоите раце умирам сега
вети ми дека сме
бранова моќ,
разбесни жар на врелите усни
како волшебно утро во моите очи
кога твоја сум сета
пред тебе тагата ме скрши сто пати
сум љубела други
во нив те барав тебе
не давај ме повеќе никому
цел живот чекам со скршено срце
да ми ги избришеш сите солзи