Ако преживеам денес, утре ќе се судрам
со љубовниот мирис на празната страна од мојот кревет,
знам на едно место молчејќи ќе се правдам ,
без збор за сите мои направени грешки.
Без тебе сум, секаде и никаде, ако се прашуваш каде сум и со кој сум.
Сега во чистилиштето сум, скршена сум, болна сум,
веќе кој да знае после која пролет го лечам срцето,
Еден ден бев на мојот последен ден,
Можеби ми е потребна и помош за смрт.