Ако одам во Битола
Ќе прошетам по Широк Сокак1
А на Дембел чаршија
Кафе ќе се напијам
Младост мило ќе си спомињам
Еј, мори моме, како да речам
За Солуна, за Стамбола
Неа не давам
Ако одам во Битола
Ќе нарачам до три пајтона
Први мене ќе носи
В други чалгии ќе свират
В трети товар, мерак ќе носам
Еј, мори моме, како да речам
За Солуна, за Стамбола
Неа не давам
За Солуна, за Стамбола
Битола не давам
1. Широк Сокак (познат и како „битолското корзо“) е најфреквентната улица во Битола. Официјалното име на улицата е „Маршал Тито“, но попозната е како „битолското корзо“.