Ајде легнала е Лилјана
на зелената полјана.
Ај, на зелената полјана,
на Радевото колено.
Ајде, Раде ми ја будеше,
бело ѝ лице љубеше:
"Ајде, стани, стани, Лилјано,
да видиш чудо големо.
Ајде, бел се облак зададе,
ситна ќе роса да зароси.
Ајде, три порои ќе дотечат
нас двајца ќе нè однесат“.