Немало никој го него водица да му подаде
сенчица да му направи и љути рани преварзи
Над него вијат два орла, два орла сиви сокола
Стојана орли говори: „Вијте се, вијте два орла
С крила ми сенка правете, с уста ми вода носете,
дури ми душа излезе, после се ниско спуштете.
Орлиња, сиви орлиња, тогај се ниској спуштете,
бело го месо јадете, со црна крв се напијте.„